Иран сака да создаде сојуз со Русија на Блискиот Исток
Техеран се стреми кон создавање стратешка алијанса со Москва во блискоисточниот регион, изјави во интервју за телевизијата „Ал Мајадин“ претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани.
Русија може да не ги поддржи САД во притисокот врз Иран
Тој истакна дека Техеран и Москва „немаат несогласување“ за клучните прашања од блискоисточната агенда, особено за сириското решение.
Иран паралелно со Русија и Турција е гарант на примирјето во Сирија. Токму со помош на трите земји во Астана првпат се одржаа директни преговори меѓу претставниците на сириските власти и опозицијата, пишува РИА „Новости“.
Лариџани исто така ја поздрави идејата за воспоставување директен дијалог меѓу Иран и арапските земји, меѓу другото и со својот главен конкурент во регионот – Саудиска Арабија. Притоа тој потенцира дека таквата комуникација треба да се одвива „без какви било предуслови“.