Шефовите на Генералштабовите на ВС на Русија и САД ќе се сретнат во Баку
Началникот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов ќе се сретнат во Баку на 16 февруари, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на Пентагон.
Се истакнува дека тие ќе дискутираат за важноста на комуникацијата меѓу војските.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?
„Лидерите ќе дискутираат за различни прашања, вклучувајќи ја и тековната состојба на американско-руските воени односи“, се вели во соопштението што го пренесува „Газета.ру“.
Од Министерството за одбрана на САД додаваат дека претставниците исто така планираат да дискутираат за важноста на постојаната комуникација меѓу војските за спречување потенцијални кризи.
Во моментов меѓу војските на Русија и на САД постои директна линија за спречување инциденти на небото над Сирија.