Шефот на Пентагон се залага за преговори со Русија од позиција на сила
Преговорите со Русија е потребно да се водат од позиција на сила. Ова, како што соопштува Си-Ен-Ен, го изјави во средата шефот на Пентагон Џејмс Матис на средбата со министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО.
Што може да очекува Русија од идниот шеф на Пентагон?
„Ние сме, како и претходно, отворени за можноста да се обнови соработката со Москва, но во исто време сме реалистични во своите очекувања и препораките до нашите дипломати се да водат преговори од позиција на сила“, изјави Матис.
Како што истакна шефот на Пентагон, без оглед на обидите за соработка со Москва, НАТО треба да биде подготвено да се заштити себеси во случај „Русија да избере да дејствува спротивно на меѓународното право“.
Во исто време, Матис додаде дека „слично на најмрачните денови од студената војна, САД сѐ уште се подготвени да ги држат отворени каналите за политичка соработка и деескалација на напрегнатоста“, пренесува „Лента.ру“.