Асад очекува соработката меѓу Русија и Сирија позитивно да влијае на Сирија
Соработката меѓу Москва и Вашингтон може да одигра позитивна улога за целиот свет, вклучувајќи ја и Сирија, изјави претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за белгиски новинари.
„Засега е рано да се претпоставува било што, работата е поврзана со соработката меѓу САД и Русија. Ние претпоставуваме дека тоа е позитивно за целиот свет, вклучувајќи ја и Сирија“, изјави Асад.
Одговарајќи на прашањето за односот на Дамаск кон новата администрација на САД, Асад истакна дека сириското раководство ги слушало изјавите на Доналд Трамп за примарната задача за борба против тероризмот.
„Сметаме дека тоа е надежно, но сѐ уште е рано да се претпоставува било што во реалноста“, потенцира Асад, пренесува РИА „Новости“.
Кои се сценаријата за воената соработка помеѓу Русија и САД во Сирија?