Кремљ не се согласува со изјавите на Трамп за Иран
„Не се согласуваме со таквата формулација на прашањето“, изјави Песков, пренесува РТ на руски.
Според него, Москва и Техеран имаат добри партнерски односи и ги вреднуваат.
Медиум: Администрацијата на Трамп сака да „забие клин“ меѓу Русија и Иран
Портпаролот истакна дека Москва жали поради новите американски санкции против Иран.
Песков потенцираше дека позициите на Москва и Вашингтон се дијаметрално спротивни за низа прашања од меѓународната и регионалната политика.
„Тоа истовремено не може и не треба да биде пречка за воспоставувањето нормална комуникација и прагматични заемно поволни односи меѓу Русија и САД“, додаде тој.
На 6 февруари Трамп во интервју за еден од американските телевизиски канали го нарече Иран терористичка држава број еден. Тој исто така го осуди својот претходник Барак Обама за договорот со Техеран.