„Блумберг“: САД ги анализираат способностите на РФ при нуклеарна војна
Според агенцијата „Блумберг“, експертите на САД го проучуваат потенцијалот на нуклеарните сили, вклучувајќи ги локациите и описите на копнените и подземните објекти кои се важни за политичките и воените раководства на двете земји, без оглед на тоа што претседателот Трамп сака да воспостави добри односи со нив.
Според информациите на изданието, канцеларијата на директорот за национално разузнавање и STRATCOM (која во теорија планира и реализира атомски напади) ќе ги оценат можностите на Русија и Кина по евентуален напад.
STRATCOM исто така ќе достави детален опис и за способноста на лидерите на РФ и Кина да преживеат атомски напад и да продолжат да раководат со земјите.
Ќе го намали ли Русија нуклеарниот арсенал по укинувањето на санкциите?
„Нашите експерти подготвуваат соодветен одговор“, изјави за „Блумберг“ портпаролот на STRATCOM Брук Де Волт, кој не сакаше да даде какви било детали.
Причината за процената е планот на американските власти за модернизација на нуклеарната тријада (стратешка авијација, интерконтиненталните балистички ракети и атомските подморници-носачи на ракети) која ќе чини 1 трилион долари и ќе почне на средината на 20-те години.
Овој план, предложен од администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама, е поддржан и од Републиканците, и од Демократите.
Како што изјави истражувачот Брус Блер од Универзитетот Принстон, лидерите на Русија и Кина планираат да раководат со земјите од бункери кои се наоѓаат длабоко под земја или во планини.
Меѓутоа, за да можат САД да ги одвраќаат Русија и Кина, потребни им се и стратешки крстосувачки ракети кои ќе можат да нанесуваат удари врз бункери од секаков агол, смета Блер, пренесува РТ на руски.