Лавров ги сподели импресиите од првиот разговор на Путин и Трамп
„Разговорот што се одржа во саботата меѓу претседателите Путин и Трамп беше добар, би рекол и во политичка, и во човечка смисла, разговор кој ги покажа заемната почит, стремежот на двајцата лидери да комуницираат без наравоученија, потпирајќи се, сакам особено да го потенцирам ова, на националните интереси на секоја земја. Од тоа поаѓа претседателот Путин, од тоа поаѓа претседателот Трамп“, изјави Лавров, коментирајќи го исходот на првиот по инаугурацијата на Трамп телефонски контакт на лидерите на двете земји.
Бела куќа:Разговорот меѓу Трамп и Путин е чекор кон подобрување на односите
Според министерот, разговорот покажал редица сфери во кои интересите на Москва и на Вашингтон се совпаѓаат. Лавров истакна дека шефовите на државите се договориле да ги продолжат контактите, термините и деталите кои сѐ уште треба да се усогласат.
Што се однесува до работата на експертско ниво, потребно е да се почека кога ќе биде формирана новата надворешнополитичка администрација на САД, додаде шефот на МНР РФ. Според него, понатамошните контакти ќе покажат колку тоа совпаѓање на интересите ќе биде пренесено во заеднички активности и создавање механизми за решавање на проблемите.
„Насоченост кон постигнување резултати има, но целата практичната работа е сѐ уште пред нас“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.