Профилите на Путин и Трамп гравирани на заби
Извор: levchenkolev.com
Трамп и Путин првпат ќе разговараат по телефон во сабота, 28 јануари, но нивниот дијалог е веќе овековечен на забите на еден од пациентите на една московска стоматолошка поликлиника.
Поточно, на коронките, направени од керамика, раскажува на својот блог авторот на делото, стоматологот Лев Левченко. Според него, цртежот се нанесува на коронката со тенка четка, а потоа се пече во стоматолошката печка и се прекрива со проѕирен слој глазура.
Цената на овие коронки започнува од 1000 евра за парче, напиша лекарот.