Амбасадата на РФ во Лондон ѝ одговори на Тереза Меј во стихови
На својата страница на „Твитер“ дипломатската мисија на РФ објави четири стиха на англиски јазик, во кои ѝ забележува на сличноста на повикот на британската премиерка со реториката од студената војна, пренесува „Комерсант“.
„Соработувај, но пази,
премиерката рече,
колку што знаеме,
времето на Студената војна одамна истече.
Стиховите се означени со хаштагот ПоемиЗаТрампИМеј
"Engage but beware", Prime Minister said. As far as we’re aware, Cold War was long dead #PoemsAboutTrumpAndMay
— Russian Embassy, UK (@RussianEmbassy) January 27, 2017Н 27 јануари Тереза Меј во текот на нејзиниот говор пред раководството на Републиканската партија на САД изјави дека треба да се следи принципот на Роналд Реган „верувај, но проверувај“ кој тогашниот американски претседател го користеше во неговите преговори со Михаил Горбачов.