Белгиски пратеник: Европа ќе го следи Трамп како послушна овчичка
Приврзаниците на укинувањето на антируските санкции во парламентот на Белгија повторно ќе поднесат резолуција за укинување на мерките на ограничување спрема Москва, изјави во ексклузивно интервју за РТ авторот на предлог-законот, пратеник на опозициската Народна партија Алдо Каркаси.
Фијон: Русија не може да се скрши со санкции
Каркаси смета дека Европа во своите дејствија наполно се потпира на политиката на САД, но со изборот на Доналд Трамп за американски претседател, дојдено е времето за укинување на санкциите и воспоставување дијалог со Русија и претседателот Путин.
„Да ви кажам: не зборувавме бадијала за Доналд Трамп. Тој веќе менува многу нешта. И тој ќе ги укине санкциите против Русија. А Европа, ќе видите, автоматски ќе ги следи САД како послушна овчичка. На тоа давам година дена. Најмногу за година дена ситуацијата ќе биде сосем поинаква“, изјави Каркаси.