Конашенков: На руските бродови не им требаат бесмислени ескорт-услуги
Според Конашенков, британскиот министер си дозволил неучтиви забелешки на адреса на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ кој поминува покрај брегот на Велика Британија и изјави дека британската морнарица го придружува бродот за да ја осигури безбедноста на својата земја.
Британски министер за одбрана: „Адмирал Кузнецов“ е „брод на срамот“
„Целта на ваквите изјави и шоуто, кое се прави со ескорт-придружбата на нашите бродови е да го оттргне вниманието на британските даночни обврзници од реалната состојба на Кралската воена морнарица на Велика Британија“, истакна Конашенков, пренесува „Взгљад“.
Според него, „на руските воени бродови не им требаат бесмислени ескорт-услуги, каналот и курсот ги знаат“.
Конашенков исто така му даде совет на Фалон да ѝ посвети поголемо внимание на кралската морнарица на Велика Британија.