Сириската опозиција одбива да ја потпише завршната декларација во Астана
„Нема да има потпишување“, изјави ал-Ариди, додавајќи дека земјите-гаранти само ќе го објават документот, пренесува „Взгљад“.
Русија задоволна од преговорите за Сирија
Своето откажување од потпишувањето опозицијата го објасни со тоа што не го смета коминикето за доволно силно за да биде испратено на разгледување во ООН.
Истовремено, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН за Сирија Стафан де Мистура смета дека завршниот документ од преговорите ќе биде готов денеска.
Претходно беше соопштено дека преговорите за сириското регулирање можат да продолжат во среда.
Страните го оценија исходот од првиот ден на преговорите со воздржан оптимизам.