Светот може да гледа преноси од Бољшој театар
Московскиот Бољшој театар продолжува со практиката започната во 2016 година. Гледачите ширум светот ќе имаат можност преку директни преноси и снимки во кино да ги погледнат балетските претстави од 241 театарска сезона.
Првиот директен пренос годинава се одржа на 22 јануари со балетот на Петар Илич Чајковски „Заспаната убавица“. Во февруари, март и април следуваат други претстави, соопшти за „Руска реч на македонски“ прес-службата на театарот Бољшој.
Академијата на Бољшој театарот – место каде се остваруваат сништата
За 5 февруари е планирано прикажување на најпопуларниот руски балет „Лебедово езеро“ со кореографија на Јуриј Григорович.
На 9 март ќе се одржи директен пренос од балетите-едночинки, поставени од кореографите Харалд Ландер, Џером Робинс и Алексеј Ратмански.
Преносот од 241 сезона завршува на 9 април: преку директен пренос ќе биде прикажан балетот на Јуриј Посохов и Кирил Серебреников „Херој на нашето време“.
Директните преноси на претставите од Бољшој театар во киното ги реализира компанијата Pathé Live.
Списокот на градови и кина во кои може да се гледаат руските балети од Бољшој театар можете да го најдете на pathelive.com.
10 интересни факти за Бољшој театар