Сенатори на САД сакаат да му забранат на Трамп укинување на санкциите
Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си сенаторот од редовите на Демократската партија на САД Чак Шумер изјави дека се планира предлог-законот, со кој ќе му се забрани на Трамп да ги омекне антируските санкции без согласност на Конгресот на САД, да биде ставен на разгледување следната недела.
Во 2017 година САД ќе ги укинат санкциите против Русија
Според него, предлог-законот добил поддршка од страна на републиканските сенатори Џон Меккејн и Линдзи Греем.
Претходно беше соопштено дека американските сенатори го повикаа Трамп да ја продолжи политиката на санкции против Русија.
Сенаторите од редовите на Републиканската партија на САД Линдзи Греем и Џон Меккејн претходно изјавија дека разработуваат предлог-закон за нови антируски санкции, пишува РТ на руски.