Москва и Дамаск договорија распоредување на руска авиогрупа во Сирија
Договорот за распоредување на руска авиогрупа важи 49 години и автоматски продолжува да важи и наредните 25 години.
Според спогодбата, Сирија ѝ дава на користење без надомест на Русија дел од аеродромот Хмејмим за распоредување на руската авиогрупа, пренесува „Взгљад“.
Покрај тоа, Русија и Сирија склучија спогодба за проширување и модернизација на пунктот за логистика на руската Воена флота во Тартус. Според текстот на спогодбата, потпишана на 18 јануари и објавена во петокот, Русија ќе ја користи инфраструктурата на базата во Тартус без надомест.
Воена операција и дипломатија