Успешно извршено гаѓање со ракета „Топол М“
Интерконтитентална балистичка ракета „Топол М“ беше успешно лансирана од космодромот Плесецк, соопшти одделот за информирање и масовна комуникација на Министерството за одбрана на Русија.
Ракетата е лансирана од заедничката борбена единица на Ракетните сили за стратешки намени и Воздушно-космичките сили на 16 јануари. Школската боева глава на ракетата успешно ја погоди замислената цел на полигон на полуостровот Камчатка, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Тестирањето е извршено, како што се истакнува, со цел потврда на стабилноста на летачко-техничките карактеристики на ракетите од овој тип.