Лидерот на германската опозиција сака сојуз со Русија и распуштање на НАТО
Лидерот на парламентарната фракција на Левата партија на Германија Сара Вагенкнехт го поддржува новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој го нарече НАТО застарена организација.
Кремљ согласен со Трамп во оценката за НАТО
„НАТО треба да се распушти и да се замени со колективен систем на безбедност, вклучувајќи ја во својот состав и Русија“, изјави Вагенкнехт во интервју за изданијата на медиумската групација „Функе“ (Funke).
Покрај тоа, лидерот на германската опозиција додаде дека забелешките на Трамп „беспоштедно ги откриваат грешките и неуспесите на федералната влада на Германија“.
Претходно во интервју за европските медиуми Трамп ја одобри одлуката на Велика Британија за излегување од ЕУ, ја критикуваше миграционата политика на канцеларката на Германија Ангела Меркел, го нарече НАТО важна, но „застарена“ организација и ги опиша перспективите за подобрување на односите со Русија, пренесува РИА „Новости“.