Украински пратеник се подготвува да одржи парада на победата во Москва
„Украинската војска е во состојба да ја победи руската и да одржи парада на победата во Москва“, изјави пратеникот во Врховната рада Андреј Тетерук на телевизијата „112 Украина“.
Путин:Би било добро украинските сили да не ги сметаат за окупатор во Донбас
„Нашите Украинци се големи воини. Најискрено верувам дека ќе одржиме парада на Црвениот плоштад. Ќе биде соодветно. Сите војни на земјите-агресори треба да бидат завршени во главните градови на земјите-агресори“, изјави Тетерук.
Неговиот партиски колега Јуриј Береза претходно има изјавено дека Русите никгаш не биле подобри во војување од Украинците, пренесува порталот „Шариј.нет“.