Захарова објави фотографија од руски хакер во САД
Захарова на својата страница на „Фејсбук“ објави пост на Максим Логинов со кадар од филмот „Брат 2“, на кој е прикажан актерот Виктор Сухоруков во улогата на Виктор Багров со натпис: „ЦИА објави фотографија на руски хакер кој пристигна во САД на конференција за нови компјутерски технологии и заштита на компјутерски програми“.
Вториот дел од натписот е директен цитат од филмот.
Захарова својот пост го проследи со ироничниот коментар: „Сензација!”