Обама ги смета Русија и Кина за противници на САД
„Противниците, како што се Русија и Кина, не може да се споредат со нашето влијание во светот, ако ние не се откажеме од она за што се залагаме и не се претвориме во уште една голема земја која бара закачка со соседите кои се помали од неа“, изјави Обама, , говорејќи во Чикаго, пренесува РИА „Новости“.
Американскиот лидер, исто така, предупреди на слабеењето на демократските вредности во САД и во светот. Според него, тоа се заканува со граѓански и меѓународни војни.
Трамп ќе има проблеми
Покрај тоа, Обама изјави дека на светскиот предок, заснован врз владеењето на правото и почитувањето на човековите права, му се закануваат фанатици кои делуваат во име на исламот и диктатори, кои се на власт во некои земји. Според него, овие закани претставуваат за САД многу поголема опасност од „автомобил-бомба или ракета“.
Во својот говор, американскиот лидер во заминување изрази уверување дека терористичката група „Исламска држава“ ќе биде уништена.
„Никој кој ѝ се заканува на Америка нема да бидат безбеден“, додаде тој.
Барак Обама ја напушта својата функција на 20 јануари. Републиканецот Доналд Трамп ќе биде новиот претседател на САД.