Шојгу со совет до шефот на Пентагон
„Би можел да се согласам со тоа, доколку мојот колега: а) не ја згреши земјата; б) би бил повнимателен во таквите оценки“, ги коментираше Шојгу зборовите на Картер, пренесува РИА „Новости“.
Претходно шефот на американската одбрана Ештон Картер изјави дека придонесот на Русија во борбата против терористичката група „Исламска држава“ е „нула“ и нејзиното присуство само ја „засилува граѓанската војна“.
Захарова: Русија е виновна што не ги поправа грешките на САД?
Министерот за одбрана на Русија исто така изрази надеж дека преговорите во Астана ќе станат почеток на мирното регулирање на ситуацијата во Сирија и дека на борбата на Русија со терористите ќе ѝ се придружат авијацијата и силите на други земји.
Шојгу потенцираше дека Воздушно-космичките сили на Русија ја извршиле во Сирија задачата што им ја постави рускиот претседател.
Според податоците кои претходно ги соопшти началникот на Генералштабот на ВС Русија генерал на армија Валериј Герасимов, од почетокот на операцијата во Сирија во септември 2015 година, руската авијација реализирала повеќе од 19 илјади летови и ослободила од терористите повеќе од 12 илјади квадратни километри.