Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


5 руски филмови кои го освоија светот

Оклопникот Потемкин (1925)

Тешко е да се замисли дека најнаградуваниот филм не само на советско, но и на светско ниво (на водечкиот сајт за рецензии Rotten Tomatoes филмот е со највисока оценка - 100% позитивни критики), до педесеттите години од минатиот век бил забранет во Англија, а до 1978 година се прикажувал во кината во категоријата Х, која се однесува на порнофилмовите. Гебелс велел дека филмот на Сергеј Ејзенштејн, кого списанието The New Yorker го нарекува „првиот модернист во светската кинематографија“, е најсилниот пропагандистички филм кој некогаш го гледал, и велел дека за малку не станал комунист, откако го изгледал. Кога во 2005 година „Оклопникот Потемкин“ беше пуштен во британските кина, весник London Evening Standard напиша: „На кого му треба Аватар во 3Д кога постои вакво нешто?“

Покрај идеолошката сила и храброст со која Ејзенштејн го прикажувал апсолутно шокантните за тогашниот гледачот сцени на насилство, режисерот им ја оставил на следните генерации својата иновативна монтажа. Неговиот принцип се гледа и во „Кум“ на Копола, и во „Недопирливите“ на Де Палма, а познатата сцена на егзекуцијата на скалите во Одеса е практично репродуцирана кај нив.

Филмот толку често е нарекуван најдобар во историјата на кинематографијата (вклучувајќи ги и Орсон Велс, Били Вајлдер и други титани на режијата на САД) што тој станува синоним за новаторство и за мерило за добар вкус.

Жеравите летаат (1957)

Снимен 4 години по смртта на Сталин, филмот на Михаил Калатозов се дистрибуира во САД од страна на Warner Brothers во 1960 година, по победата на фестивалот во Кан - тоа е единствениот советски филм, награден со „Златна палма“. Критиката била погодена од „сеопфатната одвратност од војната, непостоењето географски и политички граници, и од непостоењето на сталинска пропаганда“.

Навистина, приказната за Вероника, која решава да го напушти својот сопруг, кого не го сака, и да се сеќава на саканиот од младоста, кој загинува во војната, е апсолутно интернационална и е раскажана искрено. Филмот и во моментов предводи на сите топ-листи за најдобри филмови за војната.

И овој филм влијае на изразните средства во кинематографијата. Двократниот добитник на „Оскар“ Хаскел Векслер признава дека сите вештини ги стекнал од снимателот на филмот Сергеј Урусевски и ги повторува неговите методи по 20 години.

Андреј Рубљов (1966)

Филмот на Андреј Тарковски за животот на иконописецот од XV век има сложена судбина. Независно од барањето од организаторите на фестивалот во Кан, советските чиновници одбиваат во 1967 година да го испратат делото, и како замена го испраќаат “Војна и мир“. „Рубљов“ е прикажан во Кан дури по три години, пред затворањето на фестивалот и надвор од натпреварувачката програма, но сепак добива ФИПРЕСИ. Во 1971 година во СССР излегува цензурирана верзија и во првата сезона се продадени речиси три милиони билети. Друга верзија, каде Columbia крати 20 минути, овој пат од комерцијални причини, е прикажана во САД во 1973 година, кратењето не било од полза за филмот и рецензиите во весниците биле не многу позитивни. Во средината на деведесеттите години од минатиот век на ДВ излегува оригиналната, 205-минутна верзија на Тарковски (купена од Мартин Скорсезе додека бил во СССР), и филмот почнува нов живот.

Сигурно заради темата, местото и времето на дејствието филмот и сега е актуелен. Филмски дејци од различни генерации и со различни вкусови го засакале. На пример Ингмар Бергман велел дека „никој друг не се чувствува така природно во светот на илузиите како Тарковски“.

Војна и мир (1966)

Можеби екранизацијата на Толстој никогаш немаше да се случи доколку во 1959 година во СССР не беше прикажана американската верзија на „Војна и мир“ на Кинг Вајдор. Дури потоа било одобрено снимањето на филмот, кој неофицијално се смета за најскап во историјата на кинематографијата: ниту едно холивудско студио не би се одлучило на снимање од пет години и на масовна сцена од 120 илјади лица во кадар со учество на армијата.

Поделена на два дела, 6-часовната „Војна и мир“ станува не само првиот советски филм кој добил „Оскар“ за најдобар странски филм, но е и најдолгиот.

7 непознати факти за „Војна и мир“

Во 1969 година, кога „Војна и мир“ излегува на американските екрани, еден од највлијателните критичари Роџер Еберт пишува дека советскиот режисер успеал да направи најдобар епски филм во историјата, подобар и од врвниот во овој жанр – „Однесено со виорот“.

Ежето во магла (1975)

10-минутниот анимиран филм на Јуриј Норштејн за залутаното во магла еже кое тргнува на гости кај својот пријател мечето, е толку популарен во Америка, што на него е посветен фрагмент од осмата сезона на серијата „Семеен тип“ (Family Guy). Во овој извадок херојот се исмејуваа на Американците, кои измислиле да прават плескавици од месо на еж.

Оваа исмејување на самите Американци со нивната способност секое уметничко дело да го претворат во хамбургер чинеше скапо. А тоа што е избран токму „Ежето во магла“, покажува колку се добри креаторите на серијата и колку е популарен овој цртан филм.

За филозофската смисла на краткометражното дело на Норштејн се напишани трактати на многу јазици. За егзистенцијалната осаменост и ужасот на секојдневните работи кои стекнуваат морбидна карактеристика при одредена гледна точка. Оваа година The Telegraph го стави на 19 место на листата за „Најдобар детски филм“. Значи, кога денешните руски родители се жалат дека нивните деца гледаат „сурови“ холивудски анимирани филмови, на нив може да им се одговори дека западните гледаат руски. Поточно, еден руски анимиран филм, кој, на свој начин, е толку суров.




Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net