Штабот на Трамп: нема убедливи докази за руско влијание врз изборите во САД
Ова во интервју за „ФоксЊуз“ го изјави Шон Спајсер, портпарол на транзицискиот тим на идниот лидер на САД.
Трамп се сомнева во вмешаноста на Русија во хакерските напади
„Немаме апсолутно никакви докази дека тие (Русија) навистина извршиле влијание на тој начин врз текот на изборите (за претседател на САД“, изјави Спајсер.
Спајсер истакна дека Трамп секојдневно ги слуша извештаите на неговиот тим за национална безбедност и други претставници на разузнавањето, но во моментов, според него, се чини дека не постојат силни аргументи кои сведочат за поврзаноста на Москва со хакерските напади. Претставник на штабот на новоизбраниот претседател, исто така, потврди дека во првата недела од јануари за идниот шеф на државата ќе се одржи специјален брифинг само на оваа тема, пренесува „Лента.ру“.