Трамп се сомнева во вмешаноста на Русија во хакерските напади
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изрази сомнеж дека Русија може да стои зад хакерските напади врз ресурсите на Демократската партија, пренесува „Ројтерс“. Според неговото мислење, некоректно е да се префрла вината врз Москва доколку не постојат доволно информации.
Медиум: „руски хакери“ нападнаа американска енергетска мрежа
„Мислам дека е некоректно ако не знаеме. Тоа можело да биде било кој“, изјави Трамп за новинарите на својот имот во Флорида, каде тој ги поминува божиќните и новогодишните празници. „Знам работи кои другите не ги знаат“, додаде новоизбраниот претседател, ветувајќи дека ќе сподели детали на 3 или 4 јануари.
Претходно беше објавено дека американските власти откриле малициозна програма во системот за електрична енергија на една компанија во државата Вермонт. Сомневањата паднаа врз руски хакери. Потоа се разјасни дека програмата била откриена на еден лаптоп кој биле поврзан со енергетската мрежа, пишува „Лента.ру“.