Порошенко во Донбас зборуваше за украинска окупација
Дел од говорот на Порошенко е достапен на „Јутјуб“.
„Украинската окупација е времена. Сигурно ќе се обединиме“, вети шефот на украинската држава, пренесува „Лента.ру“.
Путин:Би било добро украинските сили да не ги сметаат за окупатор во Донбас
Не е јасно што подразбира Порошенко под украинска окупација, но неговата изјава беше дочекана со аплаузи. Подоцна видео записот се појави на официјалната страница на украинскиот претседател на „Фејсбук“. „Кореспондент.нет“ пишува дека изјавата се коментира на социјалните мрежи.
Во зоната на конфликтот во Донбас Порошенко пристигна со група сенатори од САД. Во посета на командното место на подрачјето на Широкино заедно со Порошенко беа и американските сенатори Џон Меккејн, Линдзи Греем и Еми Клобушар.