Медиуми: САД сакаат да избегнат сајбер-конфликт со Русија
Како што изјавија за „Ројтерс“ два извора од редовите на американската администрација, особено се разговарало за воведување на целни економски санкции против руски државјани, поднесување обвиненија во отсуство, ограничувања за руските дипломати и ширење инсинуации за функционери и олигарси од Русија.
Во исто време медиумите соопштуваат дека Вашингтон решил да се воздржи од дејствија кои можат да испровоцираат сеопфатна конфронтација меѓу Русија и САД во кибер-просторот, пренесува „Взгљад“.
Советник на Путин: Русија да биде подготвена на исклучување од интернет
САД го имаат предвид фактот дека Москва поседува голем потенцијал во однос на хакерски напади, а конфронтација во таа сфера може да влијае на соработката на земјите во другите области.
Во вторникот беше соопштено дека администрацијата на Барак Обама разгледува мерки кои ќе овозможат законска основа за потребата од воведување санкции против Москва поради хакерските напади за кои Вашингтон ја обвинува Москва.
Вмешаноста на Русија во сајбер-нападите повеќе пати беше негирана од претседателот на Русија Владимир Путин, неговиот портпарол Дмитриј Песков и Министерството за надворешни работи на Русија.