Медиум: Русија, Турција и Иран ќе ја поделат Сирија на зони на влијание
Еден извор изјави дека трите земји ќе ја поделат Сирија на зони на влијание, а Асад ќе го задржи претседателското место неколку години, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, турски високопозициониран извор изјави во средата дека понатамошните преговори меѓу трите земји најверојатно ќе ја допрецизираат улогата на Асад. Притоа тој тврди дека Асад нема да учествува во преговорите со опозицијата во Астана.
Русија и Турција договорија план за општо примирје во Сирија
Исто така, во преговорите нема да учествува ни Вашингтон.
Турција претходно искажуваше мислење дека ниту преодната влада, ниту иднината на земјата во целина не може да биде поврзано со Асад – тој не може да биде прифатен од сите страни во конфликтот.
Претходно во средата министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Москва и Анкара подготвиле два договора за Сирија – за политичко решение и за прекин на огнот. Пред тоа беше соопштено дека сеопфатното примирје на територијата на Сирија според руско-турскиот план треба да почне на полноќ на 29 декември, пишува „Взгљад“.