Извор: Екипажот на Ту-154 се обидел да слета на вода
„Нуркачите открија делови од авионот од крилата до опашката. Според прелиминарните податоци, оштетувањата покажуваат дека пилотот сака да го слета авионот на вода“, изјави изворот, пренесува „Лента.ру“.
Претходно Министерството за одбрана објави дека дел од трупот на авионот со прозорците се извадени од местото на несреќата на Ту-154 во Црното Море и донесени на брегот. Покрај тоа, најден е и дел од опашката на авионот со фрагменти од моторот и голем број на остатоци.
Претходно беше соопштено дека причина за падот на Ту-154 можела да биде претовар и дефект на техниката.
Зошто се урна Ту-154?