Шојгу го информираше Путин за завршувањето на операцијата во Алепо
Во ослободените реони на сирискиот град е испратен баталјон руска воена полиција, соопшти минситерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.
„За одржување на редот и мирот на ослободените територии од четвртокот вечерта таму е испратен баталјон воена полиција“, објасни шефот на рускиот одбранбен ресор, пренесува „Лента.ру“.
Алепо под целосна контрола на сириската армија
Министерот за одбрана на РФ исто така соопшти дека повлекувањето на милитантите од градот е завршена.
„Операцијата се одвиваше по ваша наредба во тесен контакт со колегите од Турција и Иран. Понатаму треба да следи следната етапа. Ние, на мој поглед, сме многу блиску до постигнување договор за целосен прекин на огнот на територијата на Сирија“, изјави Шојгу.
Путин истакна дека ослободувањето на Алепо од радикалните елементи „претставува важна компонента за целосната нормализација во Сирија и (...) во регионот во целина“.