Претставникот на САД во НАТО не верува дека Русија ќе ја нападне Алијансата
Постојаниот претставник на САД во НАТО Даглас Лут изјави во интервју за телевизијата Еј-Би-Си Њуз дека, според неговото мислење, Русија „не намерава да ја напаѓа“ Алијансата.
Столтенберг: НАТО е против студена војна со Русија
„Не верувам дека денес кој било во Русија намерава да го нападне НАТО. Но, тоа не значи дека ние немаме одговорност за осигурување на таквите сојузници, како што е Естонија, кои се наоѓаат на истурена позиција, односно имаат копнена граница со Русија“, изјави Лут.
Според него, Алијансата исто така сноси одговорност за сојузниците кои се потенцијално подложени на „хакерски напади“ или „кампањи за дезинформирање“ од страна на Москва.
Лут истакна дека и покрај тоа што прашањето за „руските сајбер-напади“ во текот на предизборната кампања во САД не се наоѓа на агендата на состанокот на Советот Русија-НАТО, кој ќе се одржи во понеделник во Брисел, низа сојузници ќе се осврнат на тој проблем, пренесува РИА „Новости“.