Путин разговараше со папата за заштита на христијаните
„Владимир Путин му го честиташе на папата на 80 роденден, го истакна неговиот голем личен придонес во зајакнувањето на односите меѓу Русија и Ватикан, кои во последно време се искачија на квалитетно ново ниво“, се вели во соопштението на сајтот на Кремљ.
Папата Франциск: Русија може многу да му даде на светот
„Претседателот на Русија и папата разменија мислења за прашањата на заштита на христијаните во зоната на регионалните конфликти и важноста на конструктивниот меѓурелигиски дијалог за зачувување на моралните принципи во меѓународните работи“, истакнува Кремљ, пренесува „Взгљад“.
Посебно внимание беше посветено на руско-ватиканската соработка во културно-хуманитарната сфера.
Претходно Путин му испрати на папата Франциск телеграма со честитки.