Меркел објасни зошто не можат да бидат олеснети санкциите против Русија
Недоволниот напредок во реализацијата на „Минската спогодба“ за Украина не дава можност за олеснување на санкциите на ЕУ против Русија, изјави за новинарите германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел и Оланд се за продолжување на антируските санкции
Според неа, на самитот на ЕУ, кој се одржува во Брисел, земјите-членки на ЕУ разговарале за ситуацијата во Украина. Со извештај за спроведувањето на „Минската спогодба“ настапиле Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Имплементацијата напредува бавно, но тоа е единствената основа што ја имаме. За жал, напредокот е недоволен за да можеме да кажеме дека по оваа основа можеме да ги олесниме санкциите“, изјави Меркел, пренесува РИА „Новости“.
Канцеларката додаде дека ограничувањата, „како што беше утврдено политички“, ќе бидат продолжени за уште шест месеци.