Путин и Eрдоган разговараа за ситуацијата во Сирија
„Дискутирани се актуелните прашања за руско-турските односи, вклучувајќи ги и претстојните билатерални контакти на различни нивоа“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на Кремљ.
Турција: Не сфаќајте ги буквално изјавите на Ердоган
Покрај тоа, Путин и Ердоган во телефонскиот разговор дискутираа за сириската проблематика, вклучувајќи ја и ситуацијата во Алепо.
Путин исто така изрази и сочувство во врска со загинувањето на децата во пожарот во градот Адана.
Турската агенција „Анадолу“, повикувајќи се на извор во администрацијата на турскиот лидер, соопштува дека Русија и Турција постигнале договор за засилување на напорите за прекин на борбите во Алепо и забрзување на испораката на хуманитарна помош во Алепо.
Претходно заменик-министерот за надворешни работи на РФ Михаил Богданов истакна дека изјавата на Ердоган за намерата да го собори сирискиот лидер Башар Асад е во спротивност со договорот меѓу Русија и Турција.