„Нешенел Џиографик“ ја смести Москва меѓу 7 најдобри дестинации за 2017
Освен Кремљ и Црвениот плоштад, новинарите препорачуваат возење и со московското метро, посета на ВДНХ и Центарот за современа уметност „Винзавод“.
На листата се најдоа и корејскиот главен град Сеул, Енкориџ, Маракеш, Мадрид, Картахена и Хамбург, пренесува „Лента.ру“.
Во понеделникот, 28 ноември, британски „Гардијан“ наброја десет места во Москва, интересни за туристите - ВДНХ, градските бањи, операта, ресторанот „Доктор Живаго“ и други.
Зошто туристите треба да доаѓаат во Москва