Извор во Москва:Сириската армија ќе го ослободи Алепо до крајот на годината
Владините сили можат да го заземат источниот дел на Алепо веќе до крајот на годината и тој успех ќе има огромно морално значење, изјави информиран извор во Москва.
Кремљ: Невозможни се обидите на САД да се договорат со Русија за Сирија
„Сѐ оди кон тоа. Од саботата е постигнат голем успех. Тоа ќе биде најсилниот удар врз вооружената опозиција последниве години“, ги пренесува неговите зборови „Взгљад“.
Претходно во понеделникот рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија соопшти дека владините сили ослободиле од милитантите околу 40% од источниот дел на Алепо и дека под нивна контрола се наоѓаат 12 квартови.