Медиуми: Можна посета на Трамп на Русија по инаугурацијата
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја посети Русија по официјалното стапување на должноста кое ќе се одржи на 20 јануари, Ова го пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на висок извор во Републиканската партија на САД.
Путин имаше телефонски разговор со Трамп
Според соговорникот на изданието, одлуката за одложување на посетата, која била предвидена за порано, била донесена „по некои консултации во тимот“.
Како што истакнува американскиот политиколог Дмитриј Сајмс, патувањето во Русија пред инаугурацијата на Трамп би можело да биде оценето како поткопување на политиката на актуелната администрација, затоа одложувањето на посетата е правилен чекор.
„Во моментов претседател на САД е Барак Обама и не треба да се прават нагли и непромислени чекори“, смета политикологот.