Првиот Русин ќе може да слета на Месечината во 2031 година
Првиот руски вселенски брод со екипаж може да слета на Месечината во 2031 година, изјави за новинарите директорот на Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ Владимир Солнцев.
Рускиот робот FEDOR ќе им биде колега на космонаутите
Плановите за освојување на Месечината Солнцев ги изложи во презентацијата во текот на конференцијата „Проблемите и перспективите на економскиот развој и подготовката на кадри за високотехнолошките индустриски гранки. РУДН и вселената: 55 години заедно“.
Првите летови на руски вселенски бродови кон Месечината се планираат за 2025 година. Во 2026 на Месечината може да се испрати беспилотен вселенски брод кој ќе изврши лет околу сателитот на Земјата, а за 2027 година е планирано испраќање на модул.
Како што објасни првиот човек на РКК „Енергија“, на тој начин ќе биде можно „да се стекне навика“ на Месечината и да се обезбеди во 2031 да се испратат првите космонаути, пренесува РИА „Новости“.