Медиум: Русија ќе добие нови сојузници по изборите во Молдавија и Бугарија
Резултатите од изборите во Молдавија и Бугарија покажуваат дека Русија ќе добие нови сојузници во Источна Европа, се вели во статијата објавена во весникот „Вол Стрит Џурнал“.
На изборите што се одржаа во неделата во Молдавија води со 52,98% гласови претседателот на Партијата на социјалистите на Молдавија Игор Додон. Во Бугарија победи со 59,35% гласови лидерот на БСП, генералот Румен Радев.
Зошто Русија инсистира на Евроазиската унија
„Јас силно ќе ги подобрам односите на Молдавија и Русија. Овие односи се многу важни за жителите на земјата“, го цитира весникот писмото на Додон испратено пред изборите.
Радев, од своја страна, се залага за укинување на санкциите против Русија.
Како што пишува изданието, резултатите од изборите во двете земји „сведочат за зголемените пукнатини во цементот на ЕУ, која помогна во реформирањето на Централна и Источна Европа по распадот на СССР“.