СБУ ја обвинува Русија за подготовка на масовни протести во Украина
СБУ истакна дека почетокот на „акциите“ е планиран за 15 ноември. Според началникот на Одделот за заштита на националната државност при СБУ Анатолиј Дублик, добиените информации „во целост се совпаѓаат со содржината на таканаречениот план за дестабилизација на општествено-политичката ситуација во Украина „Шатун“.
Во Севастопол приведени украински диверзанти
Тој тврди дека за реализација на планот е одговорен помошникот на претседателот на Русија Владислав Сурков. Според Дублик, со политичките движења и невладините организации во Украина кои се вклучени во протестите, контактирал „државјанин на Ерменија Мартиросјан“. Тој го правел тоа, изјави Дублик, „наслепо, или за определен финансиски надомест“.
Дублик додаде дека СБУ регистрирала повеќекратни патувања на организаторите на протестите на територијата на Русија. Особено, наводно се планирало одржување на сеукраински протест на банкарските штедачи, потоа акции на протест против зголемувањето на цените на јавните услуги, како и блокирање на владините структури, пренесува РИА „Новости“.