Порошенко настапи пред амблем со ут кој ја прободува Русија со меч
Претседателот на Украина Петро Порошенко говореше пред новиот амблем на военото разузнавање на Украина на кој е насликан ут, кој со меч ја прободува територијата на Русија. Фотографијата од настанот беше објавена на официјалниот сајт на шефот на украинската држава, пренесува РИА „Новости“.
Путин: Порошенко е странски инвеститор
Се истакнува дека во текот на настапот Порошенко го претставил новиот началник на Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Василиј Бурбо.
На амблемот зад претседателот го има и лозунгот „Украина над сѐ!“, и латинскиот израз „Sapiens dominabitur astris“ (Мудриот ќе владее со ѕвездите).