Во Сибир се урна хеликоптер Ми-8, загинаа 19 луѓе
На интернет се појави видеозапис од местото на падот на хеликоптерот Ми-8 во близина на јамалското село Уренгој во Сибир, пренесува РИА „Новости“.
Од снимката се гледа дека хеликоптерот претрпел сериозни оштетувања. Предниот дел на леталото се нашло под слој на земја.
Хеликоптер Ми-8 на краснојарската авиокомпанија „Скол“ се урна по полетувањето во близина на селото Уренгој во Сибир. Во хеликоптерот имаше 22 луѓе – три члена на екипажот и 19 патници. Преживеаја 3 лица.
Во тек е истрага за инцидентот. Првичните информации велат дека причини за падот се лошите временски услови.
Каде се произведуваат најбараните хеликоптери во светот?