Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Покрај хотелите и супермаркетите ќе станат објекти од државнo значење

По хотелите и супермаркетите ќе делат ист урбанистички статус како болниците и државните хидроцентрали - на хартија тие ќе станат „објекти од државно значење“. Поминаа пет недели од последната измена на правилникот за урбанистичко планирање со која градби за чување и складирање енергија како и хотелите поголеми од илјада метри квадратни се третираат како објекти од државно значење.

Со новите измени на правилникот за урбанистичко планирање е предвидено да се олесни процедурата за изградба на големи маркети низ државата. Во членот 47 од правилникот во кој се набројуваат воени објекти, хидроцентрали и држави аеродроми и патишта како објекти од државно значење, сега се додаваат и маркетите.

„Во член 47 во ставот (3) по точката 19 се додава нова точка 20 која гласи: супермаркети, хипермаркети и други големи маркети на парцели поголеми од 8000 м2, во населени места, во наменски зона со класа на намена Б2 или како компатибилна намена на основната класа на намена и надвор од населени места“, се вели во предлог измената на Правилникот кој се најде на дневен ред на стручна расправа во Министерството за транспорт.

Тоа значи дека државата планира да ги третира продавниците од 8 илјади метри квадратни како објекти од државно значење.

„Целта е да им се помогне на големите инвеститори во постапките за урбанизација, еве сега ни доаѓа Лидл, се надеваме ќе има и други големи инвеститори“, рекоа претставниците на правната служба на Министерството за транспорт на стручната дебата за измените на правилникот.

Урбанистичко планирање или исполнување желби

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС најостро се спротивставуваат на ваквиот начин на менување на Правилникот за урбанистичко планирање, бидејќи „укажува на опасен тренд на прилагодување на законите според потребите на бизнис-моќниците“.

„Се чини дека сè што ќе се појави како интерес на владејачката партија експресно се вметнува во регулативата за да се овозможат скратени постапки, побрзи дозволи и заобиколување на стандардните процедури. Доколку измените продолжат со оваа динамика, набрзо стандардните регулативи ќе треба целосно да се укинат, а урбанистичкото планирање ќе се сведе на исполнување желби на повластени инвеститори“, велат од Охрид СОС.

Сомнежите ги поткрепуваат, со, како што велат, фактот дека не постојат јасни критериуми според кои објекти во сопственост на приватни лица или големи трговски корпоративни синџири одеднаш стануваат прашање од државен интерес.

Иницијативата смета дека во однос на катните гаражи и хотелите (кои беа вметнати порано), а поврзано со Охридскиот регион, поради притисокот од нивна страна и препораките на УНЕСКО преку заклучоците на Реактивните мониторинг мисии, „не постоеше друга можност, па се прибегна кон ваквата промена, одеднаш да добијат статус на објекти од државно значење и да се изземат од сите препораки или забелешки“.

Според Охрид СОС, последиците од ваквиот тренд на промени на правилникот се погубни: трајно уништување на просторот, деградација на животната средина и просторното планирање и целосно маргинализирање на јавниот интерес.

Невладината „О2“ иницијатива е загрижена дека со овие измени централната „ја скока“ локалната власт одземајќи и ги правата да одлучува за одреден урбанистички план.

„ Државата може да гради каде сака, во последниов случај супермаркети, без оглед на урбанистичките планови за тие делови или заштитата на пределот. Ова е комплетно рушење на системот на урбанистичко планирање, централизирање на надлежностите, одземање на правата на локалната самоуправа, а со тоа и правата на граѓаните да делуваат врз плановите онаму каде живеат.“, вели Татјана Чакулев од О2 иницијативата.

Маркетите приоритет во урбанистичките планови?

Од Министерството пак демантираат и велат дека не им е целта да им ги одземат ингеренциите, туку да им ја олеснат процедурата на инвеститорите. Како причина за таквата потреба оттаму го посочија големиот број на недонесени детални урбанистички планови за градски четврти со години, па некои и со децении. Пример кој беше образложен е детален план во скопската општина Карпош, кој чекал една деценија за донесување.

Според јавно достапните податоци ,во земјава нема поголем маркет од 3 500 метри квадратни. Со приближна на оваа големина односно со 10 илјади метри квадратни е трговскиот центар во центарот на Скопје, Рамстор.

Според нацрт-верзијата на правилникот во која имавме увид, со вметнувањето на супермаркетите и хипермаркетите во категоријата „објекти од државно значење“ тие би можеле да добијат приоритет во урбанистичките планови, побрзи административни процедури и полесен пристап до локации со висока јавна вредност.

Невладините организации, урбанистите и архитектите предупредуваат дека ваквата промена во правилникот може суштински да ја смени дефиницијата на јавниот интерес, отворајќи простор за креативно толкување на инвеститорите и од супер маркет да се надгради за неколку ката во висина. За таа цел побараа од правната служба да го дефинира во измената ставот дали може и со што може да биде компатибилна намената на просторот.

Според измените на правилникот, кој, во изминативе две години над десет пати е менуван, во објекти од државно значење влегуваат патишта и железница, хидроцентрали, термоелектрани, воени комплекси, и проекти од стратешко значење.

„Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење се донесува за подрачја и градби од државно значење кои не се опфатени и не може да се уредуваат со урбанистичките планови од локално значење“, пишува во актуелниот правилник за урбанистичко планирање.

Ова значи дека општината го губи правото да одлучува дали ќе му овозможи на инвеститор дозвола за изградба на супермаркет или хипер маркет доколку тој со парккинг и градба заедно е поголем од осум илјади метри квадратни.

За споредба на површина од осум илјади метри квадратни може да се изгради едно средно училиште, или спортска сала со трибини, или пак еден фудбалски терен по стандардите на ФИФА.

Таа додава дека со овие измени на правилникот дополнително се дерогираат правилата на урбанистичкото планирање.

„Се одземаат од локална самоуправа планирање на објекти кои се под нивна надлежност и се даваат на државата, каде јавноста нема право на глас, нема правен механизам за јавна анкета каде би ги доставила своите мислења и забелешки, на кои им следува одговор, што станува составен дел од постапката на носење на урбанистичкиот план“, вели за РСЕ Чакулев .

Општините прескокнати во планирањето

Од министерството велат дека не им е целта да прават упад во работата на општините.

„ Внимателно е правена интервенцијата, нас не ни е целта да правиме упад во Генералните урбанистички планови, туку да се фокусираме на политиките и плановите на владата. Само да повториме, државно значење не е исто што и јавен интерес“, потенцираат оттаму.

Пред само еден месец, Министерството донесе измени на правилникот со кои хотелите станаа дел од објекти од државно значење.

Невладината Охрид СОС потсетуваше дека како најава на оваа одлука со потпис на министерот за транспорт Александар Николовски е неговата изјава лани во ноември дека во земјава недостасуваат повеќе квалитетни хотели.

Според нив, менувањето на законските правила на игра само со цел да им се удоволи на поединечни бизнис интереси директно ги поткопува темелите на веќе нарушените урбанистички правила.

„Со ваквиот пристап се создава простор за неконтролирано и несоодветно градење, со наметнување објекти на локации каде не припаѓаат и со целосно маргинализирање на правото на локалното население да учествува и влијае врз одлуките што го засегаат просторот во кој живее“, велат од невладината Охрид СОС.

Ако, новиот правилник стапи во сила, тоа ќе значи дека инвеститор кој ќе сака да изгради маркет со големина од осум илјади метри квадратни ќе помине низ помалку процедури кои ќе имат и пократки рокови, одлучувањето ќе биде во рацете на Министерот за транспорт, а локални плански ограничувања ќе бидат отстранети. Исти остануваат само процедурите за безбедност и технички стандарди.



Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net