Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


„Безбеден град“ ќе праќа и фотографии – како ќе се плаќаат казни?

Покрај електронскиот записник за прекршок во сообраќајот, преку системот „Безбеден град“ сопствениците на возилата ќе добиваат и фотографија.

Во пробниот период кој започна од 1 декември и е во тек, се испраќаат само записници. Официјалната примена, а со тоа и плаќањето казни за прекршоците треба да почне од 1 февруари.

Пречка за тоа се измените во Законот за прекршоци што треба да се изгласаат во Собранието. На власта и е потребно двотретинско мнозинство – 80 гласа од пратеници, кои ги обезбеди преку поддршка од опозициската ДУИ.

Главните аргументи на власта за овој проект се подигање на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајки и жртви.

„Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајки на територијата на СВР Скопје“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За осум дена се плаќа половина од казнатаСанкционирањето на почеток, како што е познато, ќе биде за четири сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање; брзо возење, поминување на црвено и управување со возило со истечена регистрација.

Во записникот што го добиваат граѓаните преку линк добиен на СМС и електронска адреса (што ја оставил сопственикот при регистрација) пишува кој прекршок, кога и каде е направен, како и казната што треба да се плати.

Казната ќе може да се плати електронски, во пошта и во банка.

Ако сопственикот на возилото ја прифаќа во рок од осум дена ќе може да плати половина од неа.

„Ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба, најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување“, посочуваат од МВР во одговорот до Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ако казната се намири во рамки на овие рокови, тогаш не се плаќаат дополнителни трошоци за целокупната постапка.

Но, што ако возачот не се согласува со прекршокот?

„Во случај кога сторителот нема да се согласи со прекршокот, и записникот за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог ќе се достави до основниот суд, тогаш записникот претставува барање за поведување на прекршочна постапка“, посочуваат од МВР.

Ако е во прашање кривично дело безобѕирно управување со возило, тогаш случајот ќе го преземе јавното обвинителство.

Кога се во прашање странски државјани односно прекршоци што ќе бидат направени со возила со странски регистрации, како што и претходно објаснуваа од МВР, возачите на излез од државата нема да бидат задржани туку ќе добијат известување дека нема да може да влезат повторно преку македонска граница доколку не ја платат казната.

Дилеми и забелешки од опозицијатаПоддршка од опозицијата за Законот за прекршоци кој се носи со двотретинско мнозинство (80 гласа во 120 члениот парламент) и е последен што остана да се смени за да може да стартува проектот „Безбеден град“ беше една од темите и на лидерската средба на 14 јануари. На неа не учествуваше најголемата опозициска партија, СДСМ, но начелна согласност тогаш даде Демократската унија за интеграции (ДУИ) која ја предводи пратеничката група Европски фронт. Но, пратениците од редовите на интегративците потоа се предомислија.

Сепак, со поддршка од други пратеници надвор од владејачкото мнозинство законските измени се изгласаа со 81 глас „за“ на седница на Собранието оддржана во петокот, 23 јануари.

Претходно, интегативците имаат неколку забелешки – зошто известувањата за сообраќаен прекршок се праќаат само на македонски, а не и на албански јазик; зошто проектот да се применува само во три града – Скопје, Куманово и Тетово; да се направи прецизно усогласување на сообраќајните знаци на улиците со прекршоците што се регистрираат преку камерите…

Социјалдемократите – чија влада работеше на имплементација на системот, не дадоа поддршка за законските измени.

Нивните забелешки се во насока на тоа кој ќе го контролира системот и ќе ги заштитува податоците од граѓаните односно да има надзор за да се спречат злоупотреби.

„Освен тоа што сме за безбедност во сообраќајот, ние сме и за безбедност и на податоците, што повторно власта ниту го коментира, ниту се обидува да го регулира“, забележа лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

За дел од забелешките на опозицијата, власта најави решение. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на пратеничко прашање на собраниска седница на 21 јануари рече дека албанскиот јазик ќе биде употребен согласно законот.

Покрај трите града – Скопје, Куманово и Тетово, опрема за „Безбеден град“ е поставена и во првичната фаза треба да почне да се имплементира и на коридорите 8 и 10.

Во одговорот од МВР за РСЕ, повторно посочуваат дека целта е во иднина да го имплементираат на цела територија па тој од „Безбеден град“ да прерасне во „Безбедна држава“.

Според најавите, иако нема конкретни рокови од кога, ќе се проширува и дијапазонот на прекршоци што ќе ги регистрираат камерите. Ќе се „ловат“ и други, како што се користење на мобилен телефон и некористење на сигурносен појас.



Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net