Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Државата може да иницира независен мониторинг на Цементарница Усје

41-годишниот Гоце Јованчевски пред неколку месеци се преселил од скопската населба Ѓорче Петров во Аеродром, во близина на Цементарница Усје.

Станот го купиле уште пред неколку години, но семејството започнало да живее таму во октомври минатата година откако нивната ќерка тргнала на училиште.

Токму тогаш, вели тој, почнал да ја чувствува разликата во загаденоста на воздухот меѓу овие два дела на градот.

Кога еден ден при влезот во Аеродром забележал „густа магла“ што ја прекривала населбата, застанал на бензинска пумпа и прашал што се случува, а добил краток и циничен одговор: „Ова не е магла.“

„Ако ова не е магла, тогаш ова е гасна комора“, одговорил тој раскажувајќи дека во тој момент станал свесен дека неговата ќерка секојдневно ја остава во средина што може да ѝ го загрози здравјето.

„Како родител, тоа не можев да го прифатам. Го оставаш своето дете таму, а ти одиш да работиш во дел од градот каде што воздухот е почист“, ни раскажа тој.

Искуството го поттикнало не само да размислува, туку и да преземе конкретна акција. Сфатил дека многу граѓани кои не живеат во Аеродром и Ново Лисиче не се свесни колку е сериозен проблемот со загадениот воздух, па затоа вели дека неговата цел е да придонесе кон поголема информираност и подигнување на јавната свест за ова прашање.

„Како поединец не можам многу, но можам да се приклучам на други“, вели Гоце, објаснувајќи зошто станал дел од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, која од декември наваму организира протести и блокади пред Цементарница Усје.

На последната блокада организирана од „Стоп за Усје“ на 21 јануари, граѓаните повторно го истакнаа клучното нивно барање: Поставување независни мерни станици во и околу Цементарница Усје, со податоци што ќе бидат јавно достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата.

„Усје сè уште одбива да дозволи вакви мерни станици. Додека тоа не се случи, нема да им веруваме на сите што тврдат дека фабриката не загадува“, порачаа тие преку своето соопштение.

Радио Слободна Европа испрати прашања преку е-пошта до Цементарница „Усје“ АД Скопје - дали е подготвена да дозволи поставување независни мерни станици во и околу фабриката, согласно барањата на граѓаните, но до објавувањето на овој текст одговор не добивме.

Компанијата негира одговорност

Во соопштенијата по протестите, ТИТАН Усје тврди дека компанијата работи целосно согласно домашната регулатива и дека тоа е потврдено од надлежните институции, оценувајќи ги критиките како тенденциозни и неосновани.

Од компанијата велат дека не е фер вината за загадувањето да се насочува само кон нив, нагласувајќи ја нивната економска улога и придонесот кон заедницата.

Како аргумент дека не се причина за високото аерозагадување, наведуваат дека и во период кога двете печки не работеле поради редовен ремонт, мерните станици регистрирале високи концентрации на ПМ10 честички, што, според нив, покажува дека загадувањето има други извори и дека оваа состојба се повторува секоја година.

Во своите соопштенија, ТИТАН Усје нагласува дека работи согласно законите, дека поседува А-интегрирана дозвола и дека е под 24-часовен независен мониторинг на емисиите од оџаците, со резултати што се јавно достапни преку неделни извештаи.

Компанијата тврди дека мерењата се спроведуваат според националната регулатива усогласена со европските директиви, а додава дека нема врска меѓу нејзиното работење и загадувањето во Скопје, бидејќи и во периоди кога фабриката не работи, концентрациите на загадувачки материи останувале високи.

Во декември минатата година Советот на Град Скопје поддржа иницијатива за дислокација на Цементарница Усје надвор од скопската котлина. Советниците побараа од Владата да разгледаат почеток на постапка за преместување на фабриката и сите големи индустриски загадувачи. Премиерот Христијан Мицкоски на ова рече дека евентуалната дислокација „не е проблем“ за Владата и дека институциите ќе постапат согласно своите ингеренции.

Што е независен мониторинг?

Додека граѓаните протестираат пред Цементарница Усје, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) тврди дека прави контроли врз фабриката и дека неправилности нема.

Радио Слободна Европа го праша Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) дали заклучоците на Државниот инспекторат се базираат на независни, ненајавени мерења со акредитирана лабораторија или на податоците што ги доставува самата компанија.

Беса Татеши од Секторот за индустриско загадување и управување со ризик при Минисртерството, во интервју за РСЕ, кое ќе го емитуваме в недела, вели дека според законската регулатива, „мониторингот е обврска на самата инсталација“.

„Инспекторатот има обврска да направи увид во инсталацијата, некогаш најавено, негогаш ненајавена, и доколку има сомневања може да земе примероци од фабриката - од оџакот и да изврши мерења во сетифицирана лабораторија за тој парамеметар“, вели Татеши.

На прашањето дали Министерството може да иницира независен мониторинг со поставување на независни мерни станици околу Усје, како што бараат граѓаните, Татеши вели:

„Да, тоа е можно, зошто да не.“

„Стоп за Усје“ бараат мерната станица кај фабриката која е поставена од Општина Кисела Вода да започне со континуирано мерење и јавно прикажување на податоците во реално време.

Дополнително да се постават повеќе мерни станици во поширокиот дел околу Усје, за јавноста транспарентно и во реално време да го следи нивото на загадување.

„Усје да инсталира автоматски CEMS (Coninous Emissions monitoring System) директоно поврзан со Министерството за животна средина и просторно планирање, кој ќе обезбедува континуирано следење и автоматски аларм ако мерната станица поставена во оџаците покаже загадување над дозволеното“, велат од „Стоп за Усје“.

„Прво рекоа да, потоа молк“

Барањето за независен мониторинг околу Цементарница Усје не е ново. Пред неколку години, тоа јавно го побара и граѓанската иницијатива „Зелен Хуман Град“, но од оваа граѓанска иницијатива тврдат дека компанијата тогаш не дала одговор на ваквите повици.

Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ вели дека компанијата првично покажала подготвеност да дозволи поставување периметарски мерни станици околу фабриката, како и мерна станица за директна детекција на загадувањето што потекнува од нејзините емисиони точки.

„Но, кога дојде време за имплементација на планот, престанаа да комуницираат со нас и почнаа да ги игнорираат нашите повици. Тоа уште повеќе покажува колку навистина загадуваат“, вели Јовановски.

Тој додава дека и по неколку години, „Усје и натаму се обидува да создаде слика дека не загадува“, што, според него, не одговара на реалноста.

„Сметам дека компанијата манипулира со податоците“, вели Јовановски.

Усје во производствениот процес користи петрол-кокс и отпад како алтернативно гориво, вклучително пластика, а за загревање на фабриката употребува мазут, според сегашната А-интегрирана дозвола која истекува во март 2027 година.

Користењето на алтернативно гориво опфаќа и горење на пластика (пластична амбалажа од комунален отпад), отпад од возила (пластика од искористени возила кои се десетицирани или механички обработени, отпад од земјоделство и шумарство, се вели во А-интегрираната дозвола.

Што сè треба да се мери?

Во извештаите за следење на воздухот од мерењата кои ги објавува Усје, наведени се податоци за емисиите на прашина, азотни оксиди (NOx) и сулфур диоксид, но не и на тешки метали. Фабриката во проиводството како главно гориво користи петрол-кокс, чие согорување може да емитува тешки метали во воздухот.

Во А-интегрираната дозвола на компанијата има повеќе табели за емисии во воздух и гранични вредности, во некои од нив и гранични вредности за тешки метали.

Во документот, кај фреквенвција на мониторинг е наведено дека тешки метали се мерат периодично, а во фуснота пишува дека ако се користи алтернативно гориво повќе од шест месеци треба да се направат две мерења за овие честички, додека ако се користи алтернативно гориво помалку од шест месеци, да се направи едно мерење.

На прашањето дали Компанијата при обновувањето на А-интегрираната дозвола ќе биде обврзана да ги примени Најдобри достапни техники, вклучително инсталирање на филтри за прочистување на гасовите од тешки метали и спроведување на редовни мерења, Татеши тврди дека овие параметри веќе се мерат континуирано.

„Тешките метали мора да се мерат. Петрол-кокосот како таков е гориво кое е согласно Најдобрите достапни технники е гориво кое треба е облигаторно да се користи при произвдство на цемент“, вели Татеши.

Ставот на Татеши е дека цементарите треба повеќе да користата отпад како алтернативно гориво во производствениот процес за да се намали загадувањето.

Од Зелен Хуман Град велат дека цементарниците во Европската унија, според Најдобрите достапни техники од 2013 година имаат обврска редовно да мерат и други штетни супстанции, вклучувајќи: хлороводород, флуороводород, вкупен органски јаглерод, тешки метали и диоксини и фурани.

Овие мерења се прават без разлика какво гориво се користи во производствениот процес, велат од граѓанската иницијатива.

Македонското Секторско упатство за најдобри достапни техники од 2007 година не е целосно усогласено со европските стандарди од 2013 година, како што тврди „Зелен хуман град“, кој посочува дека „Усје дури не ги следи ниту стандардите од македонското упатство“.

„Според резимето на емисиите од производство на цемент, кое е дел од ова упатство, фабриката не ги мери сите клучни загадувачки супстанции кои се стандард во индустријата“, велат од оваа граѓанска иницијатива.

Обнова на А-интегрираната дозвола – шанса јавноста да влијае

Во обновувањето на А-интегрираната дозвола Усје јавноста има законско право да учесвуват и да даваат свои предлози.

Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници вели дека во постапките за обновување на интегрираните еколошки дозвола особено е важно сите документи поврзани со издавањето да биде навремено објавени за граѓаните и граѓанските организации да имаат доволно време да се запознаат со нивната содржина.

„Кога велам дека треба да се објават сите документи поврзани с оиздавањето на дозволите мислам, не само на барањето на инвеститорите и прилозите кон барањето, туку и документите со Најдобри достапни техники кои се применливи во државата, затоа што тие се основа за издавање на интегрираните еколошки дозволи“, вели Трпевски.

Тој додава дека особено е важно институциите да им овозможат на граѓаните да ги даваат своите коментари и забелешки и по писмен пат, но и преку јавни расправи и притоа да дадав образложен одговор зошто некој коментар не бил прифатен.

Суровините доаѓаат од рудници

Фабриката Усје е изградена е во 1950-тите години во јужниот дел на Скопје поради локациите богати со лапорец во скопската котлина, што во тоа време е оценето дека е погодна локација за производство на цемент.

Според А-интегрираната еколошка дозвола на Усје, фабриката за производството на цемент користи суровини од три главни рудници, производството главно се одвива преку печките 3 и 4, кои се технички прилагодени за користење алтернативни горива.

Главните емисиони точки се оџаците на двете активни печки, високи по 60 метри, кои според дозволата се опремени со филтри за прашина, а дополнително постојат оџаци за ладилниците за клинкер со висина од 30,5 метри, како и оџаци за мелниците за цемент и гориво, високи меѓу 26 и 30 метри.

Индустријата е еден од главните извори на високите нивоа на аерозагадување во Скопје, според бројни студии и истражувања на домашни и меѓународни институции, кои особено се загрижувачки во зимскиот период кога главниот град редовно е на листите на најзагадени градови во светот.

Концентрациите на штетни материи во воздухот често се значително над препорачаните вредности на Светската здравствена организација.

Ова загадување има конкретни последици по здравјето на граѓаните. Проценките на повеќе извори, вклучително Европската агенција за животна средина, сугерираат дека илјадници луѓе годишно умираат предвреме поради изложеност на загадувањето.


Ria.city
Загрузка...

Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net