Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Недостиг на Оземпик во инсулинските аптеки, а во приватните се продава за слабеење

По континуираните предупредувања за недостатоци на лекови во третманот на дијабетесот, пациентите со ова хронично заболување сега реагираат на недостиг на лекот Оземпик чие генеричко име е Семаглутид. Овој лек го намалува ризикот од кардиоваскуларни компликации кај пациентите со дијабет тип 2, кои во државата, според Министерството за здравство, ги има речиси 136.000.
Оземпикот е раствор за инјектирање во наполнето инјекциско пенкало – објаснуваат за РСЕ од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Неговата апликација е безболна и слична на инсулинот.
Лекот е бесплатен во инсулинските аптеки во Северна Македонија за дијабетичарите со тип 2 и за нив е неопходен затоа што ги превенира кардиоваскуларните компликации и ја намалува потребата од хоспитализација.
Искуство на пациент од Велес
Дококолку не се користи Оземпикот во третманот на болеста, може да го влоши и онака кревкото здравје на пациентите, покажува и неодамнешното искуство на Диме Велев, кој е и претседателот на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес.
Во текот на минатата година, три месеци не можел да дојде до Оземпик, за веќе во ноември поради затната артерија да мора да направи коронарографија.
„Имав замастување и високо ниво на шеќерот, но навреме реагирав и јас и докторите, со дополнителна терапија и биохемиски анализи. Бев на чекор до тоа да ми стават стент“, додава Велев за РСЕ.
Следниот месец сепак успеал да го земе ова инјекциско пенкало од инсулинската аптека во Велес, каде што и живее, но тврди дека лекот во моментов не е достапен за околу 400-500 пациенти.
Велев реагира дека нивното лекување е како „руски рулет“ и никогаш не знаете дали во инсулинската аптека ќе има доволно количини.
„Ако во една аптека во некој град требало да има 50 пациенти, ним им се дистрибуира по старо, на пример за 43 луѓе. Па секој месец се менува кои седуммина нема да добијат антидијабетна терапија за да спречат компликации“, додава овој велешанец.
Објаснувањето кое тој и останатите пациенти го добиле од здравствените власти е дека лекот е набавен во доволни количини, но „поради технички проблем“ не е дистрибуиран.
Министерството за здравство не одговори на прашањето на РСЕ која е причината за неговиот недостиг. Но оттаму потенцираат дека обезбедиле количини од лекот за 1800 пациенти.
-Со новата јавна набавка 2025-2027 година количината за овој лек е зголемена за 400 пациенти повеќе од претходната јавна набавка кога беа обезбедени количини за 1.400 пациенти – посочуваат здравствените власти во писмениот одговор до нашата редакција.
Како се набавува лекот Оземпик?
Министерството го набавува Оземпикот преку Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење гликемија, инсулински пумпи со потрошен материјали и сензори за континуирано мерење на гликемија.
Оттука, овој лек не се наоѓа на Позитивната листа и како таков, не паѓа на товар на Фондот за здравствено осигурување.
- Ова значи дека Фондот не обезбедува средства за набавка и издавање на овој лек за ниту една категорија пациенти, вклучително и пациентите со дијабетес – потенцираат од ФЗО за Радио Слободна Европа.
Според одобрението од МАЛМЕД, лекот може да се издава во аптеките само со лекарски рецепт, но надвор од инсулинските аптеки, неговата набавка паѓа на товар на пациентите. Дијабетичарите кои не можат да си го дозволат, го минуваат месецот без него.
Некои се задолжуваат, а некои сепак се одлучуваат за пониска цена да го купат од соседството, особено пациентите кои живеат во градовите близу граничните премини.
Оземпик како превенција за хоспитализација
Но кои се поконкретно, индикациите при кои овој лек им се дава на пациентите со дијабетес тип 2?
Ендокринологот, Ирфан Ахмети за РСЕ објаснува овој лек е исклучително важен за оние кои ја имаат оваа дијагноза, а при тоа имаат коморбидитети и се обезни што значи дека нивниот индекс на телесна маса е над 27.
Д-р Ахмети од Клиниката за ендокрионологија вели дека нема може го земаат и обезни пациенти без дијабетес тип 2. Сепак, тој и неговите колеги кои се водат според препораките од Американската, но и од Европската асоцијација за дијабетес, не го препишуваат овој лек за слабеење на пациенти кои не се болни од дијабетес.
„Препораките јасно укажуваат која група на пациенти е потребно да прими Семаглутид, односно Оземпик. Тоа е групата на пациенти со докажан кардиоваскуларен ризик поради дијабет и обезност и ние настојуваме така и да го препишуваме со цел да се координираме со нашите регулативи“, додава д-р Ахмети.
Употребата на Оземпик, според нашиот соговорник, донела револуционерна промена во менаџирањето на дијабетесот тип 2.
За разлика од претходниот, глукоцентричен пристап, Оземпик и останатите лекови слични на него, докажале дека треба да се пристапи не само кон регулација на шеќерот, туку и кон спречување на компликациите кај дијабетес тип 2.
„Оземпикот освен што го регулира шеќерот во крвта, има позитивен ефект врз намалување на телесната тежина кај дебелите и натхранети пациенти со тип 2 дијабет. Исто така, го намалува ризикот за кардиоваскуларни настани како што е инфарктот. Новите студии докажуваат дека оваа група на лекови има дејство и врз намалување на прогресијата на бубрежната болест, периферната артериска болест и замастениот црн дроб“, додава д-р Ахмети.
Тој објаснува дека лекот може да им се препишува и на дијабетичарите кои немаат компликации, со цел намалување на тежината. Но во тој случај, не им следува бесплатно, туку во некоја од приватните аптеки ќе може да го купат за околу 6000 денари.
Ризичен тренд во употребата на Оземпик за слабеење
„Трендот“ на купување на овој лек на своја рака, дури и тогаш кога не се користи за лекување, сѐ уште е застапен и кај македонските граѓани кои имаат вишок килограми, но не и обезност. Тие може да си го нарачаат од подобро снабдените аптеки.

На еден ваков обид да се дојде до Оземпик посведочил скопјанецот Ристе. С. додека чекал ред во аптека во центарот на градот.
„Жена бараше да купи оземпик на приватно, но во тој момент немаше. Во разговор, вработените кажаа дека се продава приватно, но оти продажбата им ја поткопува увозот на црно преку Косово каде се продава поевтино. Во муабетот се вклучив и јас, ми рекоа можам да си купам, но кога ќе добијат“, вели соговорникот на РСЕ.
Направивме „мала проверка“ и надвор од Скопје. Прашавме во аптека во еден од поголемите градови од внатрешноста, дали Оземпик може да се купи за слабеење, на што аптекарот ни одговори потврдно.
„Месечната доза е 5400 денари“, кусо ни одговори тој, при тоа, не предочувајќи ги можните ризици од употребата на ваков начин.
Но, ендокринологот Ахмети алармира граѓаните да не го прават тоа своеволно.
„Тоа е само на нивна одговорност. Ако преземат нешто вакво, се ризикуваат себеси. Ние, лекарите апелираме дека секој лек што е регистриран и има ефекти, како и нусефекти, сепак да биде препишан од лекар специјалист што се занимава со таа проблематика со цел да го следи пациентот“, заклучува д-р Ахмети.
Оваа пракса е добро позната и меѓу здруженијата на дијабетичарите, но и првиот човек на нивниот Сојуз, апелира дека Оземпик не е ниту суплемент, ниту козметика, туку терапија.
„Има сериозни предизвици ако го примате кога сте здрави. Ако нема доктор кој го препишал како терапија, не треба ни да го допирате“, додава Велев за РСЕ.
МАЛМЕД: Инспекциите не констатираа наоди за фалсификати на лекот
Ваков апел во 2023 година пристигна и од МАЛМЕД, откако Агенцијата преку писмено соопштение ја информираше јавноста дека овој лек треба да се користи само по препорака од лекар.
Како и за секој друг лек, и за лекот Оземпик постојат контраиндикации, односно состојби во кои лекот не смее да се применува. Евидентирани се и несакани реакции како намалување на нивото на шеќер во крвта, повраќање, пролив, болки во стомакот, запек, мачнина, пореметување на метаболизмот и други – соопштија од МАЛМЕД.
Агенцијата информираше дека добила пријава од носител на одобрение за ставање на лек во промет за лекот Оземпик, дека има фалсификуван лек на територијата на државата и најави вонреден инспекциски надзор во аптеките.
Сепак, како што информираат од МАЛМЕД за Радио Слободна Европа, извршените инспекции не констатирале наоди за фалсификати на лекот.
Инспекциски надзор во аптеките се врши најмалку еднаш годишно – додаваат од МАЛМЕД.
Ја прашавме Агенцијата, дали во текот на 2024 и 2025 година се забележани злоупотреби со лекот Оземпик, но оттаму во писмениот одговор наведуваат дека нема податоци што укажуваат на злоупотреби.
При сознанија за нелегална продажба на лекот, може да се поднесе пријава во Агенцијата или на нејзината електронска пошта.
За вакви сознанија за продажба на Оземпик со цел слабеење, без рецепт и извештај од лекар, се обративме и до Фармацевтската комора која ја прашавме дали до нив пристигнале вакви информации, но до овој момент, од таму за РСЕ не пристигна никаков одговор.

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net