Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Кинеска фабрика за гуми во Србија под блокада од САД поради загриженоста за принудна работа

Соединетите Американски Држави го забранија увозот на автомобилски гуми од кинеската фабрика Линглонг, која се наоѓа во северна Србија, откако со години имаше обвинувања дека работници биле подложени на принудна работа и злоупотреби.

За Рафик Букс, индиски градежен работник кој помагал во изградбата на фабриката во Зрењанин во 2024 година, овој потег не е изненадување.

„Она што го доживеавме во Србија беше принудна работа. Бевме контролирани, експлоатирани и третирани без достоинство“, вели тој.

Букс се сеќава дека му биле ветувани легална работа, пристојна плата и хуман сместување пред да ја напушти Индија.

„Ништо од тоа не беше вистина“, посочува тој.

Американсакта царина на 18 декември објави дека го блокира увозот од фабриката во Зрењанин, укажувајќи на тоа дека, меѓу другото, пасошите на работниците биле конфискувани, платите им биле задржувани и персоналот бил изложуван на злоупотребувачки услови за живот и работа.

Одлуката на Вашингтон доаѓа по години предупредувања од локални и меѓународни невладини организации за третманот на претежно азиската работна сила на Линглонг и покренува непријатни прашања за српската влада, која ја привлече оваа кинеска инвестиција и ја поздрави конкретната инвестиција од 940 милиони долари како проект од „национално значење“.

Сепак, српските власти останаа тивки. Ниту Линглонг ниту која било српска институција јавно не се осврнаа на обвинувањата од САД.

Овој контраст е алармантен според Мирјана Митиќ од „Астра“, српска невладина организација за борба против трговијата со луѓе.

„Она што е најзагрижувачко е јазот помеѓу реакцијата на меѓународните институции и онаа на институциите во Србија“, вели таа.

Додека странските влади и групите за човекови права реагираа енергично, жалбите поднесени дома остануваат без решение.

Загриженоста за принудната работа во Линглонг првпат се појави пред неколку години кога се градеше објектот, а невладините организации и медиумите известуваа за тешката состојба на стотици виетнамски работници сместени во бедни бараки во близина на градилиштето.

Во 2021 и 2022 година, балканскиот сервис на РСЕ документираше преполни сместувачки капацитети, храна што се сервира на подот и тврдења дека платите заостануваат со месеци додека пасошите на работниците се одземени. Линглонг негираше одговорност, инсистирајќи дека работниците биле вработени од подизведувачи, а српските власти ефикасно ги отстранија новинарите од кампот.

Случајот подоцна беше усно прогласен за затворен од страна на владиниот центар за борба против трговијата со луѓе, од каде рекоа дека не можеле да искомуницираат со работниците пред да ја напуштат земјата.

Овој модел се повтори со последователна жалба што следуваше во име на Букс и 10 други Индијци, во која се тврди дека се работи за трговија со луѓе и експлоатација на трудот.

Мажите рекоа дека им биле одземени пасошите и дека им биле задржувани платите. Тие, исто така, рекоа дека не само што биле испраќани на градилиштето на фабриката за гуми, туку и на други градежни проекти низ Србија, дури и кога Линглонг тврдеше дека тие никогаш не работеле за компанијата.

Обвинителите во Зрењанин рекоа дека побарале од полицијата да собере информации; српското Министерство за внатрешни работи сè уште не кажало што, ако воопшто открила таа истрага.

Линглонг повторно ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека Индијците не работеле во нивната фабрика. Според Митиќ, мажите на крајот ги добиле заостанати плати и надомест, плус патни билети за дома, но никогаш не се објавени никакви официјални наоди.

„Нема да ги бркам инвеститорите“Европските институции, исто така, алармираа.

Во 2021 година, Европскиот парламент донесе резолуција со која ја повика Србија да ги истражи тврдењата дека околу 400 виетнамски работници во Линглонг биле подложени на принудна работа.

Белград никогаш не даде јавен одговор.

Српскиот претседател Александар Вучиќ постојано го бранеше проектот, отфрлајќи ги критиките како „медиумско-политичка кампања“ против ценет кинески инвеститор.

„Ќе се обидеме да им помогнеме на виетнамските работници, но нема да ги бркам инвеститорите“, рече Вучиќ во тоа време.

Кинеската фабрика започна со производство во септември 2024 година, пет години откако започна изградбата.

Таа се простира на 100 хектари државно земјиште доделено бесплатно и доби најмалку 89 милиони долари директни субвенции.

Финансискиот извештај за компанијата поврзан со „капитални субвенции и други државни средства за изградба и стекнување на основни и нематеријални средства“ покажува дека од 2020 до 2024 година, на Линглонг му биле доделени нешто повеќе од 247 милиони долари.

Она што е јасно е дека фабриката е претежно ориентирана кон извоз.

Во 2024 година, Линглонг во странство испорача гуми во вредност од 209 милиони долари, додека продажбата на домашниот српски пазар изнесуваше вкупно 11,2 милиони долари. Фирмата не открива каде оди нејзиниот извоз и не кажа колку од него е наменета за американскиот пазар кој сега е затворен поради забраната на Вашингтон. Извештаите на компанијата покажуваат дека нејзината работна сила пораснала за 48 проценти минатата година, на речиси 1.750 вработени.

Локалните активисти велат дека фабриката продолжува во голема мера да се потпира на странска работна сила ангажирана преку мрежа на подизведувачи.

„Од самиот почеток, за време на изградбата, а сега и во производство, кинески работници биле вработени во полоши услови од српските работници“, вели Тара Рукечи од Зрењанинскиот социјален форум, локална невладина организација која ги поддржува мигрантските вработувања.

Таа вели дека големите агенции како што е „Чајна енерџи“ првично донеле стотици луѓе, но дека носењето работници оттогаш се фрагментирало на многу помали посредници, што го отежнува надзорот.

Пошироката сликаКонтроверзноста околу Линглонг е исто така дел од пошироката слика.

Кинеските инвеститори станаа централни за инфраструктурната и индустриската стратегија на Србија во рамките на иницијативата „Еден појас, еден пат“, водечкиот план на Пекинг за поврзување на Азија и Европа.

Заедно со новите патишта, мостови и фабрики, групите за човекови права и претставниците на ЕУ посочија на низа штети врз животната средина, тајни договори и извештаи за експлоатација на работна сила.

Во 2021 година, РСЕ објави дека кинески работници во рудник за бакар во близина на Бор во источна Србија живееле во лоши услови и им било забрането да го напуштат местото или да комуницираат со локалното население.

Овие загрижености постојано се појавуваат во извештаите на Европската комисија за напредокот на Србија кон членство во ЕУ, во кои се предупредува дека проектите поддржани од Кина честопати ги заобиколуваат европските стандарди за транспарентност, заштита на животната средина и социјални права.

За работници како Букс, последиците се лични и болни.

„Она што се случи во Србија ме промени засекогаш. Сега многу внимателно ја проверувам секоја понуда за работа во странство“, вели тој.

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net