Женскиот аматерски хор „Фрида“ со песна шири оптимизам
![Женскиот аматерски хор „Фрида“ со песна шири оптимизам](https://gdb.rferl.org/01000000-c0a8-0242-0cd3-08dc39ff4439_tv_w800_h450.jpg)
Речиси педесет скопјанки здружени под името „Фрида“ се дел од женскиот аматерски хор, воден од пејачката и наставничка по музичко, Сузана Турунџиева. Повеќето членки имаат над 40 години, а во распеаната женска дружина има и пензионерки. Немаат баш сите искуство со пеење, но баш сите сакаат да пеат и да се дружат. Велат дека се радуваат на секоја проба во студиото на музичарот Огнен Стаматовски, единствениот маж во оваа женска екипа, кој е нивна музичка придружба.