Швајцарската влада го одби повикот за забрана на фосилни горива од 2050 година
Швајцарија е во добра позиција да ја постигне својата цел за постигнување на нула нето во емисиите на стакленички гасови до 2050 година, соопшти владата, отфрлајќи ја кампањата со која се сака да се забранат фосилните горива. Владата излезе со контра-предлог на таканаречената референдумска иницијатива „Глечер“, која сака да го ограничи влијанието на климатските промени во алпската земја. Темата стана чувствителна во Швајцарија, каде што сувите лета, обилните дождови и снежните зими се меѓу очекуваните последици од климатските промени.
Дали воопшто е возможна борба против климатските промени?
Гласањето, кое треба да се одржи до 2024 година, бара забрана за продажба на фосилни горива како нафта, бензин или дизел во Швајцарија по 2050 година, со некои мали исклучоци. Владата соопшти дека ја споделува загриженоста и дека сака да ја достигне истата цел во емисиите на стакленички гасови до 2050 година. „Меѓутоа, иницијативата оди предалеку за владата во одредени области. Швајцарија е силна во иновациите и финансиите и затоа е во добра позиција да ја постигне целта до 2050 година“, наведува владата.