Навални бара да му се врати облеката која ја носел на денот на труењето
Уште две лаборатории потврдија дека Навални бил отруен со Новичок
Навални сериозно се разболе за време на лет од сибирскиот град Томск каде вршеше истрага за државна корупција. Авионот принудно слета во Омск од каде Навални беше префрлен во болница. Опозицискиот активист беше пренесен со хеликоптер два дена подоцна во Германија, каде што лекарите потврдија дека бил отруен со Новичок, нервен агенс од времето на Советскиот Сојуз.
Навални се разбуди од кома, рано е за прогнози за последиците
Германските лекари соопштија дека Новичок е пронајден и во неговото тело и на кожата. "Пред да ми дозволат да ме одведат во Германија, целата облека ми беше земена и ме испратија потполно гол. Со оглед на фактот дека Новичок беше пронајден на моето тело и дека многу веројатно бев заразен преку контакт, мојата облека е многу важна доказ “, рече Навални во објавата.