СЗО испраќа тим во Кина за подготовка на истрагата за Ковид-19
Следните два дена експерти на Светската здравствена организација ќе ги поминат во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина.
Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат утре и задутре да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг, со што ќе се утврди како вирусот преминал од животно на човек, се наведува во соопштението на СЗО.
КОВИД 19 го напаѓа и нервниот систем
Научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а потоа се проширил преку друг цицач кај луѓето на пазарот на свежа храна во Вухан минатата година.